Во Домот на културата “Лазар Софијанов” во Кратово денеска ќе биде отворена изложбата на фотографии „По трагите на св.Кирил и Методиј“.

Изложбата ќе се одржи по повод патрониот-празник на општина Кратово, св. Ѓорѓи Кратовски.

Од локалната самоуправа на Кратово ги покануваат љубителите на уметноста да присуствуваат на отворањето на изложбата и да ги збогатат празничните настани во градот.

Во галерискиот простор на Музејот на град Кратово ќе бидат изложени вкупно 32 дела од авторот Павол Демеш од Братислава, Република Словачка.

Фотографиите се создадени во период од три годиини при посетите на местата поврзани со животот и дејноста на словенските просветители, поради што изложбата претставува една фотографска биографија на св. Кирил и Методиј.

Оваа изложба првпат е претставувана во изложбените салони во Братислава, во неколку градови во Европа и Сад.

Изложбата „По трагите на св.Кирил и Методиј“ во Кратово се организира под покровителство на Амбасадата на Република Словачка во Скопје. Досега изложбата на македонската публика е претставена во Скопје и Охрид.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/02/2019 17:02