Гордана Силјановска Давкова, иако е номинирана од најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ за кандидат за претседател на Македонија, започна со собирање на 10.000 граѓански потписи.

Професорката не мора да го прави тоа, бидејќи ја има поддршката од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, но уште на Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ во Струга рече дека ќе ги собира овие потписи за да се прикаже како натпартиски граѓански кандидат.

„Како што ветив во Струга, Ве известувам дека формално ја информирав Државната Изборна Комисија за започнување на процесот на собирање на најмалку 10 илјади потписи за претседателската кандидатура Од утре сите вие што мислите дека е време во Македонија да започнат суштински промени на подобро, на 46 локации низ цела Македонија ќе може да ги дадете вашите потписи. Време е без разлика на партиската, етничката, половата, старосната структура да се обединиме и да ја вратиме Македонија во нормала Во текот на денот дополнително ќе бидете информирани за точните локации, процедури и потребни документи“, информираше Силјановска.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/02/2019 17:32