Директорот на Интер, Хавиер Занети ја коментираше ситуацијата околу договорот на аргентинскиот напаѓач Мауро Икарди.

Мауро Икарди сé уште е важен играч за Интер. Се надеваме дека ќе се врати на теренот што е можно поскоро. Мислам дека кога ќе дојде до конфликт во соблекувалната, таму треба да се реши. Така овој тим може да стане посилен. Сакам да создадам услови под кои можеме да победуваме, изјави Занети. Икарди е во конфликт со Интер поради одбивањето да го продолжи договорот. Аргентинецот остана и без капитенската лента поради што тој одби да настапува.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/02/2019 19:45