Селекција од поезијата на Митко Гогов, концептуален уметник, поет и граѓански активист од Струмица е објавена во превод на шпански јазик на порталот „Vallejo & Co“, кој важи за еден од најдобрите портали за поезија во светот за сите оние од шпанско говорно подрачје.
Со оваа објава, поезијата на Гогов се промовира пред уште поголема читателска публика.
„Vallejo & Co“ е перуанско книжевно списание фокусирано на поезија, чие седиште се наоѓа во Лима. Објавува песни на шпански, латиноамерикански и поезија од други земји преведени на шпански.
Гогов е роден 1983 година. Пишува поезија, кратки раскази, есеистика и публицистика. Пишува и хаику, сенриу, ренга кои ги објавува повремено во микроблогосферата Твитер. Неговото творештво досега е застапено и преведено во неколку антологии, стихозбирки и списанија за литература и уметност во Индија, Пакистан, Филипините, Кина, Тајван, Египет, САД, Аргентина, Русија, Шпанија, Италија, Чешка, Романија, Германија, Израел, Мексико, Србија, Хрватска, Албанија, Косово, Грција, Бугарија…Годинава од печат ќе излезе неговата втора книга „Скриено писмо“, во издание на издавачката куќа Антолог.