Кандидатката за Претседател на Република Македонија од ВМРО-ДПМНЕ, Проф-Др. Гордана Силјаноска Давкова, денес (24.02.2019) оствари средба со Претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Благица Ласовска како и членови на ИК на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.

Професорката Силјаноска Давкова воедно имаше свое обраќање и на редовната седница на Централниот Комитет на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ каде што присуствуваше и Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Проф-Др. Гордана Силјаноска Давкова имаше можност да ги презентира своите идеи и гледишта во пресрет на претстојните претседателски избори.

Во своето обраќање посочи дека на државата веднаш и се потребни промени, како и владеење на правото и демократијата, кои во моментов се нарушени од страна на власта. Силјаноска потенцираше дека во име на честитоста на Република Македонија неопходни се почитување на Уставот, законите и враќање на правната држава.

За својата кампања истакна дека ќе ги користи сите демократски средства на водење на изборна кампања, а на крајот заедно со ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните на Република Македонија ќе извојува огромна победа на претседателските избори во април и со тоа ќе се најави крајот на владеењето на СДСМ со државата.

Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ



Автор: Администратор
Објавено на: 24/02/2019 14:57