Тренерот на Манчестер сити, Јозеп Гвардиола, ги сподели своите емоции по победата над Челзи (на пенали 4:3) во финалето на Лига купот.

– Пеналите се лотарија. Се можеше да се случи. Задоволни сме што го освоивме трофејот втор пат по ред. При изведувањето на пеналите, најважно беше да ја задржиме концентрацијата. И успеавме да го направиме тоа. По резултатот, кој беше пред две недели (6:0), знаевме дека овој натпревар ќе биде многу потежок, рече Гвардиола.

Шпанецот единствено лошо го гледа во повредите.

– Лошо е што изгубивме некои играчи во следните неколку недели. Не знам колку се сериозни повредите на Лапорта и Фернандињо, вели Гвардиола.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/02/2019 02:18