Тренерот на Работнички, Жикица Тасевски не е задоволен од грешките што ги правеа неговите избраници во првите две кола од пролетниот дел на Првата македонска фудбалска лига.
Работнички вчера ремизираше (1:1) против Силекс по што има 28 бода и е четврти на табелата.
Противниците добиваат многу подароци од нас. Правиме грешки кои се недозволиви и ќе мораме да го задржиме фокусот во текот на целиот натпревар, Загубивме четири значајни бода на домашен терен во првите две кола и ќе мора тоа да го надоместиме со добри игри и резултати на наредните мечеви. Ќе работиме напорно и мора да се подобриме во периодот што следи,вели шефот на стручниот штаб, Жикица Тасевски за клупскиот сајт на „романтичарите“. Работнички во 21 .коло ќе и гостува на Победа.