„Прличев – сценски приказ на поетовата судбина“ е насловено драмското дело од академик Витомир Митевски во издание на „Матица македонска“.
Сценскиот приказ и животот на поетот е предаден според автентични списи од големиот македонски преродбеник, изнесени во неговата „Автобиографија“, како и според негови писма, говори, песни…
Витомир Митевски (Куманово,1951) е автор на триесетина книги од областа на филозофијата, класичната филологија и византологија, како и на драмите „Плениците на Сатанаил“, „Штрајк“ и „Жив песок“.