Професорката Гордана Силјановска Давкова која е водено и кандидат на претседателските избори на ВМРО-ДПМНЕ, како главна причина за масовното напуштање на државата од страна на младите е поради тоа што на вистинските места се погрешните луѓе.

-Треба без оглед кој ќе победи, сите сили да се концентрираат се што е од знаење во Република Македонија да се собере. Оти не бегаат луѓето, младите надвор само поради повеќе пари, не. Бегаат затоа што на вистинските места се погрешни луѓе во Македонија. Поважна е партиската или блискоста со партијата одошто знаењето или компетентноста, нив треба ние да ги анимираме, нив треба да ги собереме за да може навистина Македонија да стане пристојна европска држава, вели професорката.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/02/2019 04:10