Претседателскиот кандидат на ВМРо-ДПМНЕ Гордана Силјановска – Давкова ја коментира изјавата на министерот за надворешни работи Никола Димитров дадена деновиве дека главна тема на овие избори треба да биде иднината, а не минатото: „Изборите ќе бидат избор меѓу надежта и стравот“.

Во гостување на „Само вистина“ Силјановска – Давкова без задршка негира дека се доживува како олицетворение на стравот на минатото доколку оваа изјава на Димитров е упатена кон кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ.

Не. Напротив, тоа го мислам за Никола Димитров. Тој беше со децении дел од ВМРО-ДПМНЕ и како заменик министер. Тој беше нашиот преговарач за името. Паметиме што зборуваше во 2011 година во Судот во Хаг. Значи, во него се, како во Јанус со две лица, и стравот и надежта. Јас не сум поврзана со тоа. Не сум била во политиката од 1994 година, но она што се случува во политичкиот систем, во уставното право е мојата вокација, мојот живот, мојата професија и бидејќи не само што знам комапративно како се случува тоа што се случува во светот, маните предностите, знам и во Република Македонија и не мислам дека надежта не постои. Нема поголема надеж од држава во која владее правото. Само таа надеж е европска надеж. Се друго е мимикрија и камелеонизам. Не се оди со кршење на правото во ЕУ, рече Силјановска – Давкова.

Професорката по уставно право нагласи дека од начинот на којшто се менуваше Уставот, до начинот на којшто се менуваше Кривичниот законик, до амнестијата, до начинот на којпшто се одвиваше референдумот, до она што се случува деновиве со пртиворите, до вработувањата… – нема ништо заедничко со Копенхагенските критериуми.

Тоа е типично за хомо балканикус, не за хомо еуропикус, рече таа.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/02/2019 04:20