Во галеријата на Младинскиот културен центар вечер од 19 часот ќе биде отворена изложба „Асемантички записи“ на Ивона Тричковска, виш конзерватор-реставратор на иконописни дела.

Изложбата е премиерно поставена во Виена минатата година и е продолжение на проектот „Јазикот на ѕидот“ во Стариот амам во Тетово од 2017 година.

-Составена е од насликани неврамени платна со нагласена ѕидна монументалност во кои доминира специфичен текстуален графицизам, а конципирани како елементи кои го совладуваат галерискиот простор на специфичниот ентериер на традиционална османлиска градба како контрапункт на нејзините препознатливи стилски архитектонски содржини, соопшти МКЦ за изложбата на Тричковска.

Авторката е вработена во Националниот конзерваторски центар. Дипломирала на Факултетот за ликовни уметности на одделот за сликарство и учествувала на изложби, ликовни колонии, семинари и презентации.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/02/2019 17:15