Тренерот на РК Еурофарм Работник, Стевче Алушовски на денешната прес-конференција пред вториот домашен натпревар од групата „Б“ во ЕХФ Купот против Нексе Нашице, изјави дека противникот е голем фаворит, но дека очекува доброиздание од своите ракометари.

– Сакаме да покажеме едно лице, а не две како во Нашице. Анализиравме и верувам дека в недела ќе бидеме константни. Нексе Нашице е голем фаворит, но убеден сум во добро издание. Имаме неколку повредени ракометари, Остроушко се жали на мала повреда, но верувам дека ќе го имаме на располагање в недела. Овие шест европски натпревари ни се подготовка за најважното кое следи, а тоа е плеј-офот, изјави Алушовски, цитиран од битолскиот клуб.

Капитенот на тимот, Гоце Ојлески додаде дека тимот се бори со повредени ракометари, но е убеден дека ќе пружат добра партија против Нексе.

– Со новиот тренер екипата доби освежување. Напорно тренираме и верувам дека нема да ни се повтори натпреварот против Татабања. Имаме неколку повредени ракометари, но убеден сум во наше добро издание, смета Ојлески.

Натпреварот се игра во недела од 19:00 часот во спортската сала „Боро Чурлевски“.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/02/2019 20:32