Продолжението на хорор-хитот „Тоа“, чија премиера е планирана на есен, ќе ја содржи досега најкрвавата сцена во историјата на хорор-филмовите, откри ѕвездата Џесика Честејн.

– Не би требало да го откривам ова, но… Има сцена во филмот за којашто некој на сетот рече дека има најмногу крв отколку во која било хорор-сцена во историјата, изјави Честејн.

Таа ја има една од главните улоги во вториот дел. Во другите улоги ќе ги гледаме Џејмс Мекавој, Џеј Рајан, Зејвиер Долан, а Бил Скарсгард ќе ја повтори улогата на кловнот-убиец.

Режисерот Енди Мускиети изјави дек „Тоа 2“ ќе биде многу пострашен од првиот од пред две години.

– Тоа беше приказна за детството, детската љубов, но и за смртта на едно детство. Секако, тоа е симболично, оти кога Пенивајз (кловнот-убиец) раскажува како тој јаде светови, говори за уништување на светот на мечтата и магијата, објасни режисерот.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/03/2019 19:47