Вардар ќе мора да победи во последниот натпревар од групната фаза во Лигата на шампионите против актуелниот европски првак, Монпелје, без еден од своите најдобри поединци – Вуко Борозан. Левиот се уште се опоравува по операцијата на коленото.

Вардар има потреба од победа против Французите, но потоа ќе се надева на пораз на Веспрем од Киелце, за да заврши на второто место во групата и да добие полесен противник во осминафиналето.

Натпреварот меѓу Вардар и Монпелје се игра од 17:30 часот



Автор: Администратор
Објавено на: 02/03/2019 14:25