Хрватскиот првак ППД Загреб ќе биде противник на Вардар во осминафиналето од ракометната Лига на шампион.

Загрепчани вечерва одиграа нерешено 26:26 на гостувањето кај Пик Сегед и групната фаза ја завршија на шестата позиција во Б-групата.

Победникот од двомечот меѓу македонскиот и хрватскиот шампион во четвртфиналето ќе се сретне со подобриот од пресметката меѓу Пик Сегед и Висла Плоцк.

Двојки за осминафиналето:

ППД Загреб – Вардар

Спортинг – Веспрем

Висла Полцк – Пик Сегед

Мешков Брест – Фленсбург

Мотор Запорожје – Киелце

Рајн-Некар – Нант.

Директен пласман во четвртфиналето обезбедија победниците на А и Б групите, Барселона и ПСЖ.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/03/2019 04:54