„Патокази во пустина” која содржи илјада и еден афоризам е најновата книга на писателот Љупчо Силјановски во издание на „Везилка 2011”.
Авторот во предговорот на книгата објаснува како почнал да пишува афиризми, а во врска со патоказите во насловот вели дека во младоста бил фасциниран од поезијата на француските симбоилисти, а особено од Бодлер.
-Никогаш не ги заборавив неговите стихови од збирката „Сплин“: „Во пустината на духот оаза на очајот. Веќе погодувате каде целам со овие патокази?”, наведува Силјановски.
Тој е поет, раскажувач, драматург, ТВ-автор, сатиричар. Автор е на три романи, две книги раскази и две драми, како и на поетските книги „Јагула”, ,,Зимски обед”, „Церебрална спална”, „Лична карта”… Објавил и десетина книги за деца и младинци.