Тим од 12 програмери, сериски претприемачи, „гики“ маркетери, дизајнери и ентузијасти за Импакт од Скопје и Балканот под името „Лаика“, лансираат платформа во Македонија, Србија, Бугарија и Хрватска, како нов начин за вработување.

На платформата „Тех“ професионалците се анонимни и добиваат понуди за работа од најдобите ИТ компании од Балканот. Користењето на платформата е бесплатна Tие се 100 проценти анонимни додека не видат кој сака да ги вработи и под кои услови – пред да го откријат својот идентитет. Ги внесуваат вештините во што се добри, поставуваат услови како плата, работна позиција, тип на вработување, технологии со кои работат, колеги и локација.

Тимот кој ја создаде платформата смета дека со неа компаниите ќе имаат уникатна можност да се поврзат со најперспективните таленти од сите четири држави и да ја раскажат својата автентична приказна. Ќе научат како да привлечат нови вработени, да се позиционираат како префериран работодавач, како да ги задржат сегашните и како да инспирираат добри препораки. Ќе можат да го претстават тимот, културата, канцелариите, технологиите и проектите.

Во моментов има 30 компании што го тестираат овој продукт, а согласно капацитетот само 100 компании ќе бидат одбрани да се приклучат во раната фаза.

-Има толку многу критични проблеми што треба да бидат решени и можеби ова не е најважниот. Но кога проблемот ќе те најде тебе, мораш да ја земеш работата во свои раце. А знаеме дека ниту еден проблем не е претежок ако си упоре, вели изршниот директор на „Лаика“ Александра Јанакиевска.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/03/2019 11:08