Проф. Д-р Гордана Силјановска Давкова, кандидатот за претседател на Република Македонија денес оствари средба со граѓаните на Општина Босилово.

Силјановска Давкова пред присутните истакна дека треба да им се лутиме на оние кои што ја лажеа и дезинформираа меѓународната заедница дека 80 проценти од граѓаните се за промена на името. Таа додаде дека граѓаните за претседателските избори треба масовно да излезат и да дадат поддршка бидејќи во прашање е нивниот живот и нивната држава.

Секој разумен човек, секој реален човек, знае дека ако на претседателските избори победиме тогаш дека час поскоро ќе се најдат на дневен ред и парламентарни избори. А нашиот народ знае, како 2004 година што запомни и рече: Ќе бидам тивок, ама на следните избори ќе дојде пресудата, народна, тоа ќе го направи овој пат, особено што сега во уште потежок проблем не втурнаа. Проблем кој што не може одеднаш да се реши прашањето за името. Зошто меѓународната заедница си знае дека си решила под наводници практичко и прагматично едно прашање и дека сега не мисли таа на македонскиот народ, таа мисли на стабилноста, на мирот, таа мисли на регионот и тука не можеме ние да бараме изговор друг. Но можеме да им се лутиме на оние кои што ја дезинформираа, ја лажеа дека 80 проценти од граѓаните се сеќавате на БиБиСи се за ова решение. Сега истото го слушаме повторно, ама сега треба тоа тивко двотретинско кое остана дома за референдумот, сега да стане најгласното двотретинско мнозинство, бидејќи во него се сега не само членовите на ВМРО-ДПМНЕ, симпатизерите на ВМРО, туку и разочараните од СДСМ, луѓето кои досега не оделе на избори и мислеле нема потреба, но сега нивниот живот, нивната држава, нивното име Македонија е во прашање и не верувам дека нема да излезат, кажа Силјановска Давкова.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/03/2019 02:40