Утре ќе се одржи првата седница на меѓувладината комисија за економска соработка на Северна Македонија и Бугарија, согласно Договорот за економска соработка меѓу владите од двете земји, најави денеска Министерството за економија.

Со седницата ќе претседава министерот за економија Крешник Бектеши, а копретседавач е министерот за транспорт, ИТ и комуникации на Република Бугарија, Росен Жељазков.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/03/2019 14:50