Кандидатот за Претседател на Македонија предложен од владеачката СДСМ и ДУИ, во своето гостување на 1ТВ истакна дека сликата која се појави на социјалните мрежи во Рено Меган, откако во анкетниот лист пријавил дека има Југо, е направена од агенти на тајните служби.

- Снимката е направена на паркинг во централниот дел на главниот град и тоа не се случувало никогаш порано. Истата не е направена од случаен минувач бидејќи на тој дел спроти Холидеј Ин не минуваат случајно граѓани. Се сомневам дека станува збор за една тајна разузнавачка служба која е блиска на опозиционата партија, за која неодамна јавноста имаше можност да разбере дека постои, истакна Пендаровски.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/03/2019 03:57