АД Електрани на Македонија завчера продаде 8.400 мегават часови вишоци електрична енергија за вкупна сума од 364.837 евра.

Како што информираат од компанијата, продадената електричната енергија е за периодот од 11 до 17 март годинава, а просечната цена која беше постигната на аукцијата изнесува 44,43 евра за мегават час.

-На Унгарската берза на електрична енергија ( HUPX ), цената за тој период изнесува 43,24 евра за мегават час, информираат од ЕЛЕМ.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/03/2019 12:48