Рекорден пораст на странски инвестиции, но нема да застанеме тука, вети денеска премиерот Зоран Заев на промоцијата на новата инвестиција, германската компанија "Герештајмер ". Според него предвидено е вработување на 400 нови лица, технолози и електроинженери.

- Сите крупни политички инвестиции беа за обезбедување на економски инвестиции и повисоки плати. Создаваме шанси за сите граѓани за подобар живот и се заблагодари на германските инвестиции вели Заев.

Вицепремиерот пак Анѓушев рече оти се надева дека ова е е најава за многуте нови инвестиции што ќе следат.

- Германската компанија има 50 фабрики во 13 држави и ова е нивната прва фабрика во Југоисточна Европа, во конкуренција со Србија и Романија. Им покажавме и докажавме дека сме најатрактивната локација, а пред се благодарение на влезот во НАТО, рече Анѓушев.

Инаку фабриката "Герештајмер" продуцира медицински материјал односно опрема, на пример инсулински пенкала.

- До крајот на 2020 најавено е да да почнат со работа. Имаме ли 400 луѓе за да вработиме? Ги таргетиравме, полесно ќе најдеме 400 квалификувани за оваа инвестиција отколку 6000 за во текстилната индустрија. Имаме мерки за преквалификација и доквалификација на кадрите,порача Анѓушев.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/03/2019 14:39