Уметницата Јана Манева-Чупоска ќе учествува на Интернационалниот саем за современа уметност во Токио, каде што ќе се претстави со дела и видео од циклусот „Портретирани сеќавања“.

Учеството се организира преку соработка на саемот и земјите кои имаат амбасади во јапонската престолнина и кои предлагаат нивни ликовни уметници.

Своето творештво Манева-Чупоска има можност првпат да го претстави во таа далечна земја на предлог на поранешната амбасадорка во Јапонија, Андријана Цветковиќ, а со финансиска поддршка на Министерството за култура.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/03/2019 16:23