Хидроелектраните „Шпиље“ кај Дебар и „Глобочица“ кај Струга, кои го сочинуваат Црнодримскиот слив, во првите два месеца од годинава оствриле произвоство од 58 милиони киловат часови елерктрична енергија.

Споредено со лани истиот период, кога владееше поповолна хидрологија на ова сливно подрачје, годинава во овој период забележано е помало производство.

– Гледано одделено, трите турбини на ХЕ „Шпиље“ во перодот јануари-февруари произведоа 33 милиони киловат часови електрична енергија што претставува помало прозводство за 31 отсто споредено со лани истиот период. Двете турбини на ХЕ „Глобочица“ прозведоа 25 милиони квч или 59 отсто помало прозводство споредно со лани, потврдуваат од ЕЛЕМ.

Според истиот извор, во однос на годишниот план за производство, ХЕ „Шпиље“ досега има произведено 12 отсто, а ХЕ „Глобочица“ за овие два месеци има произведено 14 отсто од годишниот план за 2019 година.

Во двете акумулации моментно има резерва на вода за производство на 26 милиони киловат часови електрична енергија. Одделно, во акумулацијата „Шпиље“ има резерва на вода за производство на 10 милиони, додека во акумлацијата „Глобочица“ 16 милони киловат часови електрична енергија.

Ова е резерва само во акумулациите, а во снег има големи резерви во сливното подрачје, додаваат од ЕЛЕМ.

Во следнот перод со зголемувањето на температурите ќе почне топењето на снегот во планините што ќе го зголеми количеството вода во потоците и реките, а тоа ќе услови постојан раст на дотекот на вода во споменатите акумулации.

Со навреме и успешно реализираните ремонти и ревизии на елекромашинската опрема, двете електрани се подготвени да ја примат и преработат количината на вода што ќе пристигне и да работат под полн капацитет.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/03/2019 17:26