Конференција за поттикнување на политички дијалог за чиста, достапна и безбедна енергија во Република Северна Македонија ќе се одржи денеска во хотел Дабл Три Хилтон, информираат од МАЦЕФ- Центар за енергетска ефикасност на Македонија.

Конференцијата се реализира во рамки на проектот „Дијалог за енергетска транзиција на Западен Балкан“, финансиран од Министерството за одржлив развој и туризам на Република Австрија, а локално спроведуван од МАЦЕФ.

Настанот претставува поттик за поширока дебата за приликите, можностите, предизвиците и политичката расположливост за придвижување на државата кон одржливост и високо ниво на заштита на животната средина, се наведува во соопштението од МАЦЕФ.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/03/2019 09:55