Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на работниците во индустријата во јануари 2019 година, во однос на јануари 2018 година, е зголемен за 1,2 отсто.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во јануари 2019, во однос на јануари 2018 година, бележи пораст од 1,0 отсто, во секторот Преработувачка индустрија од 1,3 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 0,2 отсто.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во јануари 2019 година, во однос на јануари 2018 година, бележи пораст кај интермедијарни производи, освен енергија за 0,8 отсто и капитални производи за 16 отсто, додека опаѓање бележи кај енергија за 0,3 проценти, трајни производи за широка потрошувачка за 3,8 проценти и нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,9 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/03/2019 13:37