Четири песни на поетот Атанас Чупоски од збирката „Der Wanderer“ се објавени на романски јазик во мартовскиот број на познатото списание за литература и култура „Хелис“ во Романија.
Насловите на песните се: „Господ е поет“, „Сакам да сум номад“, „Беседа без зборови“ и „Виолини на вечноста“. Препевот на романски го направи поетот Димо Н. Димчев.
Атанас Чупоски е доктор на филолошки науки, автор на збирките поезија „Концерт на труба во дур“ (2007) и „Der Wanderer“ (2015), збирката раскази „Старинарница Балкан“ (2014) и филмолошката студија „Христијанските слики и симболи и нарацијата во филмовите на А. А. Тарковски“ (2012).