На последното Генерално собрание на Европската алијанса на композитори и сонграјтери (ECSA–European Composer and Songwriter Alliance) во Брисел, композиторката Јана Андреевска е избрана за потпретседател на комитетот за сериозна музика и за член на Управниот одбор на Алијансата, со мандат од три години.

-Изборот во највисоките тела на Европската алијанса на композитори е резултат на нејзиниот долгогодишен успешен ангажман и редовна активност, како и на угледот со кој СОКОМ се стекна како најистакната членка на ЕСЅА од регионот. Генералното собрание на ЕСЅА, кое СОКОМ го организираше во септември 2014 во Скопје, сè уште се спомнува како едно од најуспешните во историјата на асоцијацијата, соопшти СОКОМ.

Сојузот на композиторите наведува и дека со назначувањето на Андреевска, земјава е единствена застапена во Управниот одбор на Алијансата што не е членка на Европската Унија.

Европската алијанса на композитори и сонграјтери ги обединува композиторите во Европа од сите жанрови (сериозна, популарна и филмска), ги брани и промовира правата на музичките автори на национално, европско и на меѓународно ниво.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/03/2019 16:30