Стапката на невработеност во четвртиот квартал годинава изнесува 19,4, а стапката на активност е 59,9, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во последните три месеци од минатата година активното население во Македонија изнесува 957 609 лица, од кои вработени се 771 806, а 185 803 лица се невработени.

Активното население во четвртиот квартал 2018 во одниос на истиот квартал во 2017 година е зголемено за 0,4 проценти, а бројот на вработените за 3,6 проценти. Кај невработените има намалување за 10,9 проценти, а кај неактивното население, исто така намалување за 0,2 процента.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/03/2019 17:47