Екипата на Вардар денеска ќе го одигра претпоследниот натпревар од регионалната СЕХА лига во групната фаза против составот на Нексе.

Мечот се игра во Нашице од 20:15 часот, а вардарци нема да имаат лесна задача откако нема да можат да сметаат на неколку играчи.

Во тимот ќе недостигаат повредените Горбок и Борозан, а ќе го нема и Дисингер, кој доби удар на последниот натпревар од ЛШ против Монпелје. Игор Карачиќ исто така нема да патува за Хрватска, па тренерот Роберто Парондо ќе се соочи со голем предизвик.

Претходниот меѓусебен меч во регионалното натпреварување беше одигран во Скопје и заврши со триумф на „црвено-црните“ (31-26).

Во вторник веќе ќе следи и пресметката со шампионот на БиХ, Извиѓач што ќе биде и последната проверка во регионалното натпреварување за скопскиот тим пред стартот на завршниот „Фајнал фор“ турнир.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/03/2019 12:44