Тренерот на Вардар, Роберто Парондо по синоќешниот пораз од Нексе во СЕХА лигата, изјави дека тимот одиграл добро и тој е помалку или повеќе, среќен со презентацијата на играчите.

Шпанецот посебно ја истакна улогата на голманот на домаќините, Морено Цар, кој во второто полувреме беше несовладлив, а на крајот заврши со 16 одбранети удари.

– Честитки за Нексе за победата. Одиграа одличен меч, посебно во вториот дел. Честитки и за голманот Цар, кој не можевме да го совладаме во второто полувреме. Ние одигравме добар меч, јас сум, помалку или повеќе, среќен со презентацијата на играчите. За нас најважно е да ја завршиме оваа групна фаза од СЕХА лигата, имаме уште еден меч во вторник и потоа Ф4 во регионалната лига и осминафинале во ЛШ. Благодарам до играчите кои одиграа многу натпревари во последниве денови, тие играат добро и работат многу, изјави Парондо по мечот.

Вардар во последното коло од СЕХА-лигата ќе гостува кај Извиѓач во БиХ утре од 17, 15 часот.

Македонскиот тим веќе обезбеди учество на „Ф4“ турнирот во регионалната лига, каде се уште ППД Загреб, Мешков Брест и Нексе.

Паровите ќе се утврдат по последното коло.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/03/2019 10:47