Од почетокот на овој месец, рудникот за олово и цинк САСА вработи нови 44 лица. Пред да стапат на работните места, соопштуваат од Рудникот, за сите нови членови на тимот е организирана соодветна обука за да се осигура дека тие безбедно ќе ги извршуваат работните задачи.

-Среќни сме што го зајакнуваме нашиот тим со нови вработени. Просечната возраст на нововработените е 27 години и ние веруваме дека тие ќе внесат дополнителна енергија и ентузијазам во нашиот тим, што ќе помогне во зголемувањето на вкупната ефективност и продуктивност на нашата компанија. Како компанија ќе сториме сѐ нашите нови вработени да ја добијат неопходната поддршка од сите нас, за да можат полесно да се вклопат во колективот и секако, да се чувствуваат добредојдени и исполнети, вели генералниот директор на Рудник САСА, Олег Телној.

Согласно процедурите за работа што важат во целокупниот рударски комплекс, во почетниот период, сите нововработени ќе бидат под засилен мониторинг и придружба од искусни вработени, за да можат да го достигнат неопходното ниво на работни вештини.

Со новите вработувања, вкупниот број вработени во САСА надмина 680 лица.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/03/2019 14:35