Завршниот турнир од регионалната СЕХА-лигата оваа сезона ќе се одржи во Брест на 2, 3 и 4 април, објавија денеска од раководството на ракометно натпреварување.

Градот, од каде што доаѓа тимот на Мешков, по втор пат ќе биде домаќин на завршницата на турнирот, а заедно со белорускиот тим, за трофејот ќе се борат и актуелниот шампион РК Вардар, ППД Загреб и Нексе.

Полуфиналните двојки ќе бидат познати по завршувањето на натпреварите од последното коло.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/03/2019 15:10