Селекторот на женската ракометна репрезентација на Македонија, Симе Симовски, денеска го објави списокот на ракометарки за ЕХФ неделата, која ќе се игра од 18 до 24 март.

Во овој период, сениорките ќе одиграат два контролни натпревари против репрезентацијата на Црна Гора.

Овие натпревари се подготовка за „жолто-црвените“ за настап во баражот за пласман на СП Јапонија, каде противник на Македонија е репрезентацијата на Словенија.

Првиот дуел против Црногорките е на 22 март од 17 часот во спортската сала „Автокоманда”, а во истата сала ден потоа се игра и втората контролна, од 12 часот. Натпреварите се од отворен карактер а влезот во салата е слободен.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/03/2019 15:48