Карикатуристот Дору Аксинте од Романија и афористичарот Миле Ѓоргиоски од Македонија се добитници на златните плакети на Дваесеттиот Меѓународен фестивал за афоризам и карикатура „Струмица 2019“.

Наградите се врачени синоќа, кога беше отворена и изложбата од годинашните карикатури и афоризми инспирирани од еротиката и карневалот.

На конкурсот пристигнале карикатури од сите континенти и 47 комплети со афоризми од балканските земји.

Жири комисијата сребрената плакета во категоријата карикатура, му ја додели на Бранко Зупанич од Словенија, а бронзената на Блаже Докуле од Македонија.

Организациониот одбор на Струмичкиот карневал,пак, специјалната награда за најдобра карикатура му ја додели на Миро Георгиевски од Македонија.

Во категоријата афоризам сребрената плакета ја доби Јово Николиќ од Република Српска, БиХ, а бронзената авторот Атанас Крлевски од Македонија.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/03/2019 16:27