Тендерот за технолошко чистење на БТО системот (транспортни траки и механизација во рудникот) во РЕК Битола е спроведен во редовна постапка за јавна набавка и преку електронско наддавање, а најниска цена на наддавањето понуди фирмата СВ Инвест, информираат од Комбинатот.
-Информираме дека беа распишани уште два тендера за технолошко чистење: во термоелектраната и на отпепелување. На тие тендери исто така учествуваше и СВ Инвест, но најниски цени таму понудија други две фирми, кои на крајот ги добија тендерите, посочуваат од РЕК Битола во реакција на денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ.
Партијата денеска на прес-конференција посочи дека во последните три дена објавиле три тендери што ги добила фирмата СВ Инвест во вредност од над 800.000 евра.