Македонскиот шампион Вардар ќе игра против домаќинот Мешков во полуфиналето на регионалната СЕХА лига. Во второто полуфинале ќе играат Нексе и ППД Загреб. Победникот од овие полуфинални средби, ќе се борат за трофејот. „Ф4“ турнирот ќе се одржи на 2 и 3 април во Брест.

„Црвено-црните“ одиграа 18 кола, и остварија 14 победи и четири порази освојувајќи 42 бода. ППД Загреб, Нексе и Мешков ги освоија другите три места, и сите имаат по 39 бода.

Вардарци и Мешков веќе играа меѓусебе во полуфиналето во СЕХА лигата во Брест пред две сезони. Тогаш Вардар ја освои титулата, откако во финалето триумфираше над Веспем.

Вардар е единствен тим со четири титули во СЕХА и само втор што има две титули по ред.

Брест е вториот град каде по вторпат ќе се игра „Ф4“ турнирот од регионалната ракометналига. Претходно само Скопје двапати беше домаќин.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/03/2019 11:16