Сојузот на стопански комори на Македонија денеска ќе презентира анализа за актуелната соработка на домашните фирми со компаниите од економските зони.

Ќе бидат претставени и детектираните и предизвици со кои се соочуваат малите и средни претпријатија за отпочнување на соработка со компаниите од слободните економски зони.

На настанот најавено е обраќање на извршниот директор на Комората, Александар Зарков и членот на Управниот одбор на Комората, Трајан Ангелески.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/03/2019 09:47