Градското кино „Милениум“ вечер ќе биде домаќин на македонската премиера на филмот на Теона Стругар Митевска „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ кој беше единствен наш претставник во официјалната конкуренција на Берлинскиот филмски фестивал.

На премиерата во „Милениум“, режисерката Стругар Митевска ќе има и свое обраќање пред скопската публика.

Филмот доби две престижни награди на Ecumenical Award и Guild Film Prize. Првата награда, Ecumenical Award се доделува за да се оддаде почит кон оние уметнички дела што сведочат за моќта на филмот во откривањето на мистериозните длабочини на човекот. Guild Film Prize, пак, ја доделуваат членови на жири комисија кои се дел од Асоцијацијата на германската уметничка кинематографија AG Kino – Gilde e.V, а воедно се и менаџери на арт-кина.

Одличен одзив од публиката и критиката на годинашното Берлинале имаше и главната актерка Зорица Нушева. Во „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ се појавуваат и Стефан Вујисиќ, Петар Мирчевски, Симеон Мони Дамевски,…

Билетите за македонската премиера чинат 150 денари.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/03/2019 16:09