По повод 80 години од печатењето на збирката поезија „Бели мугри“ од Коста Солев Рацин, денеска напладне во салонот за книги на „Матица македонска ексклузив“ ќе биде промовирана Програмата за одбележување на овој значаен јубилеј за македонската нација и литература.

Промовирана ќе биде и книгата „Македонски бик менаџмент“ од проф. Љубомир Ракиџиев, претседател на Конзорциумот Иноватор при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

На настанот ќе стане збор и за храброста на печатарот Дагутин Шпулер од Хрватска во градот Самобор кој во 1939 година, при забранет македонски јазик, ја испечатил „Бели мугри“ на македонски.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/03/2019 16:15