По повод 80 години од печатењето на збирката поезија „Бели мугри“ од Коста Солев Рацин, денеска беше промовирана Програмата за одбележување на овој значаен јубилеј за македонската нација и литература што е граѓанска иницијатива во која се приклучија МАНУ и Народната и Универзитетска библиотека. Професорот Љубомир Ракиџиев, претседател на Конзорциумот Иноватор при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ денеска ја промовираше и книгата „Македонски бик менаџмент“ што ја напишал како инспирација од Рацин и неговите проценки и оценки за економско финасиската криза во Белите мугри.

– Книгата почнува со Бели мугри, со проценките и оценките на Рацин за економско-финасиската криза. Претсавува дел е стручните литаретури и е спој помеѓу чаршиско и стручно знаење. И покрај фактот што е мала книгата, сепак е многу корисна за идните менаџери во времиња на криза, појасни Ракиџиев.

Професорот на Филозофскиот факултет на Институтот за филозофија Дејан Донев, објасни дека се работи за материја за која многу имаат пишувано, но сепак, иако многу луѓе добро ја познаваат теоријата на менаџерството, слаби се во практиката.

– Овде не се говори за менаџментот туку за менаџерството односно за луѓе кои ја извршуваат оваа професија и кои треба наученото да го покажат во пракса. Делото нуди сосема солиден и нескромно изграден аксиолошки систем на вредности за дејствување во менаџерството. По распаѓање и излегување од еден во друг систем ние ги урнавме старите вредности, но ретко кој се осмели да изгради нови. Новите вредности се потребни и во менаџирањето како процес. Повеќе од насушна потреба се овие триесет страници затоа што внатре има систем од вредности кои секој менаџер треба да го спроведете, објасни Донев.

Додаде дека во книгата е понуден еден аксиолошки систем низ кој еден морален менаџер може да се реализира и да даде добри резултати и дека ова е попатно споделување на искуство за нешто што е поминато и што претставува визија кон која што треба да се чекори напред.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/03/2019 17:25