Tрговската војна на претседателот Доналд Трамп ја чинела американската економија 7,8 милијарди долари или 0,04 проценти загуби за БДП на државата во 2018 година. Тоа се резултати од анализа на група економисти од престижни факултети во САД.

Авторите на документот соопштија дека анализирале краткотрајното влијание на акциите на Трамп и утврдиле дека увозот од целни земји се намалил за 31,5 отсто, додека целниот извоз на САД опаднал за 11 отсто. Тие исто така открија дека годишните загуби на потрошувачите и производителите се 68,8 милијарди долари.

-По пресметки за повисоки тарифни приходи и добивки за домашните производители од повисоките цени, вкупната загуба изнесува 7,8 милијарди долари” или 0,04 отсто од БДП, велат истражувачите.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/03/2019 11:32