Холандија и САД постигнаа договор да се користи инфраструктурата на холандскиот карипски остров Курасао за евентуално препраќање на хуманитарната помош за Венецуела.

„Островот ќе се користи само за цивилни операции за доставуавње помош – храна и лекови за Венецуела, ако влдата во Каракас дозволи“, соопшти холандското МНР.

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро многупати одбиваше да дозволи странска помош за Венецуела и покрај длабоката економска криза што предизвика недостиг од храна и лекови како и хиперинфлација.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/03/2019 11:34