Кина ќе ги намали финансиските расходи за малите и микро бизниси за дополнителни 1 отсто оваа година, рече премиерот Ли Кечијанг.
-Ние мора да ги охрабриме финансиските институции да го подобрат својот внатрешен систем за управување и да обезбедат повеќе услуги за приватните компании, малите и микро бизниси за да ги намалат нивните трошоци, рече Ли на пресконференција.
Според него, опслужувањето на реалната економика е обврска на финансискиот сектор.
Кина, исто така, ќе се осврне на спречување системски финансиски ризици. Нема да им се доделат кредити на „зомби“ компании кои не се платежноспособни. Строго ќе се пристапи и кон нелегални и нерегулирани активности, беше категоричен премиерот на Кина.