Приврзаници на бегзит почнаа протестен марш од североисточна Англија до Лондон, обвинувајќи ги политичарите за предавство, бидејќи тие не успеале да ја извадат Британија надвор од ЕУ во рамките на временскиот рок.

Предвидениот датум за влегување во сила на брегзит е 29-ти март и најверојатно ќе биде одложен.

Група учесници, составена главно од постари граѓани, тргнаа од Сандерленд, 435 километри од Лондон, со извици „Прифатете демократија” и „Владејте со Британија”.

Планирано е тие да стигнат до британскиот Парламент на 29-ти март.

На учесниците во протестот им се придружи на поранешниот лидер на партијата „Независност” и на главен заговорник за брегзит Најџел Фараџ, кој рече дека „ако политичарите мислат да не прегазат, ќе им вратиме со марш и ќе им кажеме дека не можат”.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/03/2019 13:17