На Скопскиот аеродром денеска ќе биде одбележано почнувањето на новите летови од и до германските градови Баден-Баден и Бремен на кои линии ќе лета нискобуџетната авиокомпанија „Визер“.

На свеченоста се најавени обраќања на министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и Алпер Ерсој, генерален директор на ТАВ Македонија, концесионер на аеродромите во државава.

Согласно со новиот договор за добивање финансиска поддршка, „Визер“ од денеска од аеродромот во Скопје ќе оперира до и од Баден Баден, од утре до Бремен, додека од јули воведува летови од Турку и од Ларника.

На аеродромот „Св.Апостол Павле“, пак, попладне треба да слетат првите патници од Милано, една од четирите нови линии на „Виз ер“ според договорот. Авиокомпанијата со нова линија вчера ги поврза Охрид и Малме, Милано, а во јули треба да воведе летови и од Мемингем и Дортмунд.

Во првите два месеца од годинава преку двата аеродрома се превезени 305.246 патници, што претставува седум процентен годишен пораст. Преку Меѓународниот аеродром Скопје лани се превезени 2.158.258 патници, а 184.283 преку аеродромот „Св. Апостол Павле“, односно раст од 16 проценти на годишно ниво на двата аеродрома. Бројот на летови од аеродромите во Скопје и во Охрид минатата година изнесувал 19.750, односно за девет проценти повеќе во однос на претходната година.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/03/2019 09:37