Конститутивна седница на секторката работна група за локален и регионален развој во процесот на интеграција на Република Македонија во Европската унија ќе се одржи денеска во Скопје.

Седницата ќе ја отворат министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу и претставникот на Делегацијата на Европската унија, Никола Бертолини.

Во работната група членуваат претставници од надлежните институции, од донаторската и од експертската заедница, како и од граѓанскиот и од бизнис секторот.

Секторска работна група, што ќе ја координира Министерството за локална самоуправа, ќе послужи како координативно тело кое ќе спроведува задачи на експертско ниво, поврзани со формулирање и имплементација на националните секторски политики, вклучувајќи ги и оние поврзани со ЕУ интеграцијата, ИПА инструментот и донаторската помош воопшто.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/03/2019 09:45