„Предизвици на компаниите за изнаоѓање на квалитетна работна сила во модерното време“ е тема на форумот што денеска ќе се одржи во Скопје.

На форумот ќе се обрати вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и ќе учествува на панелот на тема „Трендовите во работните односи и мотивите за останување во државата“.

На форумот воведни излагања ќе имаат и Неби Хоџа претседател на Стопанската комора на северозападна Македонија, Гречен Биркл вршител на должноста претставник на канцеларијата на УСАИД во земјава и Љубомир Димовски директор на Проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива.

Форумот е организиран од страна на Стопанска комора на Северозападна Македонија, Стопанска комора на Македонија, Сојуз на стопански комори и МАСИТ, во соработка со ЕПИ центар, а со поддршка на УСАИД, во рамките на заедничкиот проект „Партнерство за подобра бизнис регулатива“.

Целта е да се претстават предизвиците на компаниите со наоѓање квалификувани работници, начините со кои младите би се задржале во земјата за отворање на нови перспективи и споредба со позитивни искуства од регионот.

Низ процес на јавно приватен дијалог ќе се иницираат конкретни решенија што ќе обезбедат поголем развој пазарот на трудот, реформи во формалното и неформалното образование, како и стратешки насоки за намалување на невработеноста меѓу младите.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/03/2019 09:56