Тренерот на Вардар, Роберто Парондо пред првиот осминафинален дуел против ППД Загреб во Лигата на шампионите изјави дека секогаш можеш да очекуваш нешто ново од противникот, иако двата тима веќе редовно играат еден против друг во изминативе сезони во регионалната СЕХА лига како и во најпрстижниот ракометен турнир на Стариот континент.
„Црвено-црните се фаворити на ова средба со оглед на фактот што завршија како третопласирани во групата „А“ од Лигата на шампионите. Исто така и во регионалната лига, Вардар заврши на првото место пред ППД Загреб.
– Секогаш очекуваме нешто ново. Кога е само еден меч, тогаш се фрла се на тој натпревар. Работиме и ние, се подготвуваме, но не е исклучено дека ќе има нешто плус, и од страна на нашиот ривал. Нормално е да има притисок, зашто сакаме да играме во четвртфиналето на ЛШ. Сега не смееме да направиме грешка и мораме да бидеме подобри од Загреб, вели Парондо, цитиран од сајтот на Вардарци.
За мечот во Загреб, Шпанецот нема даможе да смета на Сергеј Горбок и Владо Недановски, но во екипата се враќа Вуко Борозан.
Натпреварот на програмата е утревечер од 20,30 часот во „Арена Загреб“ .