Голманот на Вардар, Дејан Милосављев кој во саботата со 14 одбрани ги предводеше „црвено-црните“ до триумф на гостувањето кај Загреб се најде во идеалниот тим на ЕХФ по првите осминафинални средби во Лигата на шампионите.
Идеален тим на ЕХФ:
Голман: Дејан Милосављев (Вардар)
Лево крило: Гудјон Валур Сигурдсон (Рајн-Некар)
Лев бек: Расмус Лауге (Фленсбург)
Плејмејкер: Лука Циндриќ (Киелце)
Десен бек: Алекс Душебаев (Киелце)
Десно крило: Артем Козакевич (Мотор Запорожје)
Пивот: Јаник Колбахер (Рајн-Некар).
Чуварот на мрежата на Вардар ја има и петтата најдобра одбрана.